Очигледно е дека унгарскиот премиер Виктор Орбан го осудува масакрот направен во Буча, Украина, изјави за медиумите шефот на неговата прес-служба, Берталан Хаваси.
„Унгарија на секој можен начин ќе поддржи меѓународна истрага со цел да се идентификува сторителот на она што беше направено во Буча“,
истакнал Хаваси.
Орбан во средата на меѓународната конференција за новинарите посочи дека „ова е војна која на започнала Русија со напад на Украина, како и дека ставот на Европската Унија го дели и Унгарија“.
„Премиерот повика на независна и непристрасна истрага на злосторството, истакнувајќи дека цивилите мораат да се заштитат и дека насилството над нив мора најостро да се осуди“,
рекол Хаваси.
Јарослав Качињски, член на полската владејачка партија, Право и Правда, го критикуваше Орбан, истакнувајќи дека тој не ја осудува Русија за злосторствата во Буча.