Фестивалот ќе ги понуди адреналинските спортови: искачување на вештачка карпа, јавање коњи, кајак и СУП. За љубителите на планинскиот велосипедизам има кратка и долга тура од 15 и 30 километри, додека за истражувачите на планинските убавини, кратка и долга планинарска тура од 10 и 20 километри. За првпат оваа година за обожавателите на трките, ќе се одржи и трка од 5 километри како и трка по планинска патека
Од 24 до 26 јуни, по 6 пат во Крушево ќе се одржи фестивалот „When In Krusevo“ (Кога сте во Крушево). Оваа година фестивалот ќе понуди многубројни активности и отворена можност за уживање по двегодишните ограничувања за движење.
Фестивалот ќе ги понуди адреналинските спортови: искачување на вештачка карпа, јавање коњи, кајак и СУП (stand up paddleboard). За љубителите на планинскиот велосипедизам има кратка и долга тура од 15 и 30 километри, додека за истражувачите на планинските убавини, кратка и долга планинарска тура од 10 и 20 километри. По првпат оваа година за обожавателите на трките, ќе се одржи и трка од 5 километри, како и трка по планинска патека.
Бидејќи Крушево има еден од најдобрите светски параглајдинг терени, е топ светска дестинација за овој вид спортски туризам, во фестивалот е вклучен тандем параглајдинг од Мечкин Камен.
За посетителите и семејствата ќе има забава преку денот, како и многу детски игри кои ќе се одржат на Крушевското Езеро.
Со оглед на тоа дека заинтересираноста е голема, и годинава е обезбедена камп-зона на Крушевското Езеро со сите потребни услови.
Со секоја купена карта се добива попуст до 50% на спортските активности, воедно се обезбедени влезници за музејот Тоше Проески, Македониумот како и Галеријата „Мартиновски“. Цената на картата за оваа тридневното авантуристичко и адреналинско држење во Крушево е 500 денари, со можност за попуст за групна карта (400 денари 4+1), која може да се купи на продажната мрежа на „МК тикетс“.
Местото на фестивалот може да се резервира на пријавата на www.wheninkrusevo.mk, а присуство може да се потврди на настанот на Фејсбук, каде што следуваат и известувања поврзани со настанот.