Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, а во текот на ноќта од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени

Денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места ќе паѓа снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во текот на ноќта ќе засилат врнежите и ќе преминуваат во снег и во населените места. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, а во текот на ноќта од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
В недела времето ќе биде облачно со повремени врнежи кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе формираат снег.
Врнежите наместа ќе бидат пообилни и на повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините значително да се зголеми. Поради ниските температури, ќе има појава на голомразица.
Повремен снег ќе има и в понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време.