Анализата на бројот на новодијагностицирани пациенти во Скопје опаѓа, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, додавајќи дека сепак неговата констатација треба да се земе со резерва, бидејќи никој не знае како ќе се развива ситуацијата бидејќи на тоа влијаат повеќе фактори.
„Викендите се нешто што со недели наназад прават некаква промена на бројот и на тестови и на новодијагностицирани. Битно е дека се следат контактите , со сите проблеми со кој се соочуваат епидемиолозите, но кој ги надминуваме со интервенци на дневна основа, таму каде што најмногу треба. На пример, на наше барање се вклучија епидемиолози од Министерството за одбрана и техничари од Воено медицинскиот центар, епидемиолозите во однос на спроведување на анкетите, а техничарите за земање на брисеви на пациенти, на кој што им се потребни контролни брисеви по одреден период за да се види дали се оздравени“,
истакна Филипче.
