Насер Зибери, кој на овие избори настапува како кандидат на владејачката ДУИ за премиер, изјави денеска во Тетово дека првпат во земјава се јавува трета опција која претендира да го сруши црно-белиот свет на домашната политичка сцена.
„Како и секој изборен циклус, 15 јули е важен ден за земјата, затоа што граѓаните ќе одредат кој ќе ја води државата во наредниот период. Но 15 јули има една специфика, а тоа е што првпат во земјава, покрај двете перманентни структури, се наметнува трета опција која се обидува да го скрши црно- белиот свет кој досега им се нуди на граѓаните. Затоа ми е нерзабирлива острината со која беше дочекана идејата на граѓаните да им понуди премиер Албанец“,
изјави Зибери, кој на овие избори не е кандидат за пратеник, туку настапува единствено како кандидат за мандатар за состав на идната влада.