По овој земјотрес, во областа е регистриран и уште еден со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој бил на пет километри од градот Анамизу. Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами долж западните крајбрежни области на префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама
Земјотрес со прелиминарна јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на централниот јапонски остров Хоншу, објави Американското биро за геолошки истражувања (USGS).
Според информациите од Американското биро за геолошки истражувања, епицентарот на земјотресот бил на 42 километри југозападно од градот Анамизу и на 51 километар северозападно од градот Такаока.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
По овој земјотрес, во областа е регистриран и уште еден со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој бил на пет километри од градот Анамизу.
Според информациите наведени од Американското биро за геолошки истражувања, како и од Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), регистрирани се уште неколку силни потреси.
BREAKING: Japan Meteorological Agency says a powerful 7.6-magnitude earthquake has struck Ishikawa Prefecture. Credit: HAB pic.twitter.com/Y4ZW60wR0q
— Nahel Belgherze (@WxNB_) January 1, 2024
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами долж западните крајбрежни области на префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама.
Според метеоролошката агенција, се верува дека цунами со бранови високи до пет метри ќе стигнат до Ното во префектурата Ишикава. Како што пренесува јапонската телевизија НХК (NHK), бранови високи повеќе од еден метар го погодиле брегот на градот Ваџима во префектурата Ишикава.
Од жителите на крајбрежната област Ното во префектурата Ишикава беше побарано „веднаш да се евакуираат на повисоките места“, пренесува телевизијата. Јавната телевизија објави „ЕВАКУИРАЈ“ со големи букви повикувајќи ги жителите да бег
Се уште не е пријавена материјална штета.
Метеоролошката агенција на Јужна Кореја објави дека по земјотресот може да се зголеми нивото на морето во источната провинција Гангвон. Во областа погодена од земјотресот има нуклеарна централа, соопшти компанијата за електрична енергија на Токио (Tokyo Electric Power Co).
Операторот на постројката рече дека проверува дали има проблеми, но засега нема извештаи за некакви неправилности.
Јапонската компанија за електрична енергија „Хокурику“ објави дека повеќе од 36 илјади домови останале без струја по земјотресот.