Властите на главниот град Тајпеј соопштија дека не се пријавени поголеми штети веднаш по земјотресот. Повеќе од 3 000 домови во крајбрежниот град Јилан, на североистокот на земјата, накратко останаа без струја

Земјотрес со јачина од седум степени денеска е почуватсвуван во северен Тајван, но без непосредни извештаи за поголеми штети. Земјотресот се случил на длабочина од 73 километри.
Како што соопшти метеоролошката служба, потресот бил почувствуван во главниот град Тајпеј. Класифициран е како земјотрес од четврта категорија, што значи дека може да предизвика помала штета.
Властите на градот Тајпеј соопштија дека не се пријавени поголеми штети веднаш по земјотресот. Повеќе од 3 000 домови во крајбрежниот град Јилан, на североистокот на земјата, накратко останаа без струја, соопшти електроенергетската компанија на Тајван.
Тајван се наоѓа во близина на местото каде што се среќаваат две тектонски плочи и е склон на земјотреси.
Повеќе од сто луѓе загинаа во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година, а земјотрес со јачина од 7,3 степени однесе повеќе од 2 000 животи во 1999 година.
