Епицентарот на потресот бил на околу 50 километри југоисточно од Загреб, а материјална штета има во Сисак и подрачјето на Петриње
Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала изутринава околу 6:30 часот ја погоди централна Хрватска.
Како што јавуваат хрватските медиуми, епицентарот на потресот бил на околу 50 километри југоисточно од Загреб.
Материјална штета има во Сисак и подрачјето на Петриње.
По првиот, следувал уште еден силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Сеизмолошката служба на Хрватска, исто така, објави дека јачината на земјотресот е 5 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е VII степен според Европската макросеизмичка склала. Евромедитеранскиот сеизмолошки центар претходно објави дека јачината била 5,2 степени според Рихтеровата скала.
