Излезете на вашите плоштади, на вашите улици. Направете да бидете видени и слушнати… Кажете дека луѓето се важни, слободата е важна, мирот е важен. Украина е важна, порачува украинскиот претседател

Луѓето ширум светот да излезат на протести во четврток (24 март) кога се навршува точно ден месец од почетокот на руската инвазија на Украина.
Ваков повик вечерва преку видеообраќање упати украинскиот претседател Володомир Зеленски.
„Војната на Русија не е само војна против Украина. Нејзиното значење е многу пошироко. РУсија ја започна војната против слободата… Русија се обидува да ја порази слободата на сите луѓе во Европа, во светот“,
вели Зеленски во обраќањето.
Тој порачува дека светот мора да ја запре Русија и војната.
Во повикот за протести и маршеви ширум светот, тој бара демонстрантите да носат и украински обележја.
„Излезете на вашите плоштади, на вашите улици. Направете да бидете видени и слушнати… Кажете дека луѓето се важни, слободата е важна, мирот е важен. Украина е важна“,
вели Зеленски.
