Трамп во интервју за телевизијата Фокс њуз повтори оти мисли дека Зеленски е неблагодарен и рече дека тој лесно извадил пари од САД, како да зема бонбони од бебе, мислејќи на фактот дека претходниот американски претседател Џо Бајден иницирал воена и политичка помош за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата Фокс њуз уште еднаш се осврна на кавгата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој зборуваше за нивната средба, на која присуствуваше и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, во Овалната соба минатата недела, во која Трамп и Венс вербално го нападнаа европскиот лидер.
Трамп во интервјуто повтори оти мисли дека Зеленски е неблагодарен и рече дека „зел бонбони од бебе“, мислејќи на фактот дека претходниот американски претседател Џо Бајден иницирал воена и политичка помош за Украина.
„Зеленски е паметен тип и жесток човек. Извади пари од оваа земја под водство на Бајден, како да зема бонбони од бебе. Беше толку лесно“,
рече Трамп.
Водителката Марија Бартиромо го праша за критиките што ги доби Трамп, во кои се тврди дека го намалил политичкиот притисок врз Русија и рускиот претседател Владимир Путин. Американскиот претседател одговори вака: „Никој никогаш не бил построг кон Русија од Доналд Трамп“.