Покрај тоа што му се заблагодари на Бајден, Зеленски повторно побара построги санкции за Русија од ЕУ

Претседателот на САД, Џо Бајден, вчера објави дека САД забрануваат увоз на руска нафта, природен гас и јаглен, а утрово украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави тој потег и порача дека тоа дополнително ќе ја ослаби Русија.
„Украинци и Украинки, денеска имаме важни вести. Америка презема чекор кој значително ќе го ослаби непријателот. Тоа ќе ги натера да платат за агресијата и да одговараат за злосторствата што ги направија“,
изјави Зеленски.
Тој им се заблагодари на Бајден и САД за одлуките за забрана на увоз на руски енергенти, односно забрана за вложување во рускиот енергетски сектор за сите американски државјани.
„Треба да биде јасно, секој цент платен во Русија е претворен во куршуми и проектили кои се движат кон суверените држави“,
порача Зеленски.
Тој истакна дека она што го прават Русите никогаш нема да го заборави, особено поради смртта на деца во оваа воена инвазија и повтори дека очекува уште построги санкции од ЕУ во иднина.