Дрогата ја пронашло куче душкач во камион што пристигнал во Грција со траект од Италија
Канабис и кокаин во вредност од 2,7 милиони евра заплени грчката крајбрежна служба на пристаништето во градот Игуменица.
Дрогата била откриена со помош на куче душкач, складирана во камион што со траект пристигнал од Италија.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека немало посебна акција, туку дека дрогата била пронајдена во рамките на редовните проверки што ги вршат. Полицијата уапси 52-годишен грчки државјанин.
„По извршена проверка на камион со полуприколка, кој бил истоварен од патнички траект што пристигна од пристаниште во Италија, по укажување од кучето за откривање дрога на крајбрежната служба, Влад, беше откриена палета со осум картонски кутии внимателно сместена во легалниот товарен простор“,
стои во соопштението на крајбрежната служба.
Во кутиите имало 30 импровизирани пакети со преработен канабис (хашиш) со вкупна бруто-тежина од 15 190 килограми, како и 56 херметички затворени пакети со суров канабис (сканк), со вкупна бруто-тежина од 60 890 килограми и десет плочи со кокаин со вкупна бруто-тежина од 11 300 килограми.
Грчките служби ќе ја продолжат истрагата за откривање кому била наменета дрогата во Грција.