Експремиерот Зоран Заев заедно со поранешниот министер за здравство Венко Филипче се дел од партискиот Конрес на грчката партија СИРИЗА, чиј лидер е поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, а кој е организиран под мотото „Нов почеток за политичка промена“.
Во делот од својот говор во кој Ципрас зборуваше за придобивките од Преспанскиот Договор потпишан со Северна Македонија, тој упати посебна благодарност за тоа до Зоран Заев, по што следуваа овации и голем аплауз од публиката.
Ципрас истакна дека Договорот од Преспа „денеска е уште поактуелен бидејќи испраќа порака за мир во време на војна“.
„Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблогодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност. Пораката од овој Договор, во овие денови на војна е уште поактуелна, како порака за мир и солидарност на народите на континентот кој помиува низ голгота е од ужасите на војната“,
истакна Ципрас.
Во наредните денови од Конгресот на СИРИЗА, кој ќе трае една недела, се очекува свој говор да има и поранешниот премиер Зоран Заев.
