Премиерот Зоран Заев попладнево даде и изјава за средбата со рускиот амбасадор во земјава Бездникин, на која се разговарало и за објавените разговори на првиот човек на владата со руски „мајтапчии“ кои лажно му се претставувале како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.
Во изјавата, Заев вели дека на средбата со рускиот амбасадор било потврдено дека станува збор за нешто што е „во доменот на приватните дејствија“ и дека пријателството со Русија останува.