Премиерот Заев изјави дека е разочаран, но очекува исчезнатиот Мијалков да биде пронајден и да се соочи со правдата. Тој најави дека доколку тоа не се случи, ќе побара одговорност.
„Јас се надевам дека ќе биде исправен пред правдата, односно ќе биде пронајден. Во спротивно, секој што згрешил, ќе одговара. Не знам, БЈБ, АНБ, министерот, па дури и премиерот. Или доколку постои одговорност, ќе се бара и од судот, од обвинителството“,
вели премиерот Заев.