Рускиот претседател Владимир Путин е заштитен од новиот коронавирус со посебен тунел за дезинфекција преку кој мора да мине секој што доаѓа во неговата резиденција во близина на Москва.
Специјални тунел е изграден од руска компанија, а е поставен во официјалната резиденција на Путин, во Ново-Огарјово, пренесува „Њујорк пост“ повикувајќи се на руски медиуми.
Снимка од тунелот објави РИА, а на неа се прикажани лица со заштитни маски кои минуваат низ него, додека средства за дезинфекција ги прскаат од таванот и отстрана.
В резиденции Путина для защиты от коронавируса установили специальный туннель. Он предназначен для дезинфекцииhttps://t.co/jjwWbuZ2EX pic.twitter.com/h62KWARvsr
— РИА Новости (@rianru) June 16, 2020