Ако мене ме прашувате дали лично сметам дека има уште некој што се крие зад таквиот став, јас мислам дека има, вели српскиот претседател во однос на бугарското вето кон нашата земја за почеток на преговорите со ЕУ
Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека можеби и некоја друга земја стои зад блокадата на Бугарија за почеток на преговорите на С Македонија со ЕУ.
На прашање во тој контекст од „Ал џезира Балканс“, Вучиќ вели:
„Ако мене ме прашувате дали лично сметам дека има уште некој што се крие зад таквиот став, јас мислам дека има. Ама не е мое да зборувам за тоа, така што за тоа нека зборуваат други“,
изјави Вучиќ.
Тој вели дека секогаш е лесно да се најде земја која ќе каже овој пат не сакам.
„Еднаш ќе каже овој пат не сакам затоа што не ми се допаѓа политиката кон исчезнатите лица, друг пат не ми се допаѓа политиката во однос на Гоце Делчев… Така што, јас сум многу долго во политиката за да веруваме дека секогаш е во прашање една земја или еден од нашите соседи. Јас знам како функционира сето тоа. Сите имаат телефони, па ќе свртат на телефон, брзо се завршуваат такви работи. А ова сега, како не можат да ги убедат, не знам што би рекол…“,
вели Вучиќ.
