Претседателот на Србија, Александар Вучиќ со видео обраќање на кинески јазик потврди дека ќе ја посети Кина во април в година. Во обраќањето, Вучиќ се заблагодарува на поканата на кинескиот претседател Си Џинпинг.
„На овој начин, би сакал да ја потврдам мојата посета на Кина во април, како и задоволството и радоста што претседателот Си ќе ја посети Србија на крајот на следната година… Кина е еден од најголемите партнери и ќе дадеме сè од себе за да се чувствувате како дома“, стои во објавата.