Автомобилот излетал од коловозот и паднал на железничката пруга, а на него налетал воз
Воз удри во автомобил полн со патници вечерва околу 19 часот во близина на јужниот влез на Велес. Автомобилот излетал од коловозот и паднал на железничката пруга, а на него налетал воз кој сообраќај на линијата Велес – Гевгелија, јавува велешкиот портал batali.net.
Во моментот на несреќата во возилото марка „рено“ имало пет патници – тројца мажи, една жена и дете. Еден од патниците е пренесен на клиниките во Скопје, а здравствената состојба на другите патници засега е непозната, пишува batali.net.
На местото на несреќата увид изврши јавен обвинител со асистенција на полицијата.
