Досега, најмалку 121 лице се убиени во американските напади врз бродови за кои постојат сомнежи дека се користат за транспорт на дрога преку источниот дел на Пацификот. Станува збор за т.н. операција „Јужно копје“, за која администрацијата на претседателот Доналд Трамп вели дека има за цел да го запре шверцот на наркотици
Војската на Соединетите Американски Држави (САД) на социјалните мрежи објави дека ноќеска извршила нов напад на брод во источниот дел од Тихиот Океан, при што се убиени две лица, пренесе Си-ен-ен.

Нападот, како што се наведува, бил извршен врз брод кој се движел по позната рута што се користи за шверц на наркотици во Пацификот.
Јужната команда на војската на САД на социјалната платформа Икс објави и видео од моментот кога бродот е погоден од проектил истрелан од американските сили, а во објавата се додава и дека едно лице го преживеало нападот.
„На 9 февруари, по наредба на командантот на #SOUTHCOM (Јужната команда на војска на САД), генерал Франсис Л. Донован, Здружената работна група Јужно копје (Southern Spear) спроведе смртоносен кинетички удар врз брод управуван од означени терористички организации. Разузнавачките информации потврдија дека бродот транзитирал по познати рути за трговија со дрога во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога. Двајца наркотерористи беа убиени, а еден го преживеа нападот. По нападот Јужната команда на војската на САД веднаш ја извести крајбрежната стража на САД да го активира системот за пребарување и спасување на преживеаниот“,
се наведува во објавата.
On Feb. 9, at the direction of #SOUTHCOM commander Gen. Francis L. Donovan, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel operated by Designated Terrorist Organizations. Intelligence confirmed the vessel was transiting along known narco-trafficking… pic.twitter.com/fa5vppjcCy
— U.S. Southern Command (@Southcom) February 10, 2026
Портпарол на крајбрежната стража изјави за Си-ен-ен изјавил дека во американската војска имала и техничка поддршка од Координативниот центар за поморско спасување на Еквадор.
Досега, најмалку 121 лице се убиени во американските напади врз бродови за кои постојат сомнежи дека се користат за транспорт на дрога преку источниот дел на Пацификот. Станува збор за т.н. операција „Јужно копје“ за која администрацијата на претседателот Доналд Трамп вели дека има за цел да го запре шверцот на наркотици.
Синоќешниот напад е трет од почетокот на оваа година за кој извести американската војска, а втор во кој има едно преживеано лице. Минатиот месец, во акција на американската војска врз брдо во Пацификот, исто така, беа убиени две лица, а едно преживеа.
Американската администрација, како што наведува Си-ен-ен, досега презентираше малку докази дека убиените во операцијата „Јужно копје“ се поврзани со наркокартели или дека секој од таргетираните бродови бил натоварен со дрога.
За легалноста на нападите, кои започнаа на почетокот на септември лани, исто така се води жестока дискусија во американскиот Конгрес. Особено се разгледува првиот напад што беше извршен на 2 септември 2025 година, во кој две лица беа убиени, иако првично беше соопштено дека го преживеале нападот на американските сили.
