Тој го користел идентитетот на косовски државјанин, документи кои му биле запленети по апсењето и за кои постои сомневање дека се фалсификувани

Педесет и двегодишен маж од селото Копаница, општина Сарај, кој беше баран за три убиства што се случија во Северна Македонија, е пронајден и уапсен во Тирана од страна на албанската полиција. Според албанските медиуми, станува збор за Бесим Шерифи, кој во главниот град на Албанија се крие веќе 10 години. Тој го користел идентитетот на косовски државјанин, документи кои му биле запленети по апсењето и за кои постои сомневање дека се фалсификувани.
Откако е идентификуван, албанската страна побарала информации од властите во Северна Македонија и заклучила дека 52-годишниот Бесим Шерифи е меѓународно баран. По интервенцијата на оперативните сили во станот што го изнајмувал, 52-годишникот им се обратил со зборовите:
„Јас не сум лицето што го барате. Не сум извршил никакво убиство, јас сум косовски државјанин“.
Но, според изворите, отпечатоците од прстите откриле дека лицето за кое станува збор е Бесим Шерифи. Убиството за кое е обвинет се случило на 5.10.2007 година во селото Копаница, Скопско, каде што биле убиени 3 лица. Судот наредил негово апсење во отсуство, што, според кривичното законодавство во Северна Македонија, предвидува доживотна казна затвор.

При физичкиот претрес во станот, кај овој државјанин се пронајдени и одземени косовски пасош, косовска лична карта и возачка дозвола, фалсификувани, со податоци за државјанин од Косово. Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Скопјe, ќе ги продолжи постапките за негова екстрадиција во Северна Македонија, велат од албанската полиција.
