Во однос на жртви, од Украина стигна и информација дека украински воен авион со 14 лица денеска се урнал јужно од Киев. Службата за итни случаи соопшти дека сè уште се утврдува колку луѓе загинале
Најмалку 18 лица загинаа во воздушен напад врз воена база во близина на пристанишниот украински град Одеса на Црното Море во Украина, соопшти локалната администрација.
„Осумнаесет лица загинаа – осум мажи и 10 жени. Во моментов сè уште копаме низ урнатините“,
пишува во соопштението на регионалната администрација на Одеса, објавено на Фејсбук.
Во соопштението се прецизира дека во нападот било погодено селото Липетск, во областа Подолск.
На социјалните мрежи се појавија и видеа за кои се тврди дека се од руските напади на Одеса.
Video of Russian missile strike on buildings belonging to the Ukrainian Navy in the Port of Odesa. pic.twitter.com/F5TtgutWAy
— Visegrád 24 ???????? (@visegrad24) February 24, 2022
Во однос на жртви, од Украина стигна и информација дека украински воен авион со 14 лица денеска се урнал јужно од Киев. Службата за итни случаи соопшти дека сè уште се утврдува колку луѓе загинале.
Инцидентот се случил на околу 20 километри јужно од Киев, по извештаите за напад на неколку локации низ градот.
Засега не е јасно дали авионот бил погоден од руски сили.