Во нацрт-заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ, октомври е терминот што се споменува како потенцијален датум за одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, изјави во Луксембург хрватската министерка за надворешни работи, Марија Пејчиновиќ-Буриќ.
Таа потврди дека финалните заклучоци се уште не се усогласени и дека земјите-членки и понатаму преговараат за точната формулација. Според неа, пред октомври не е можна одлука, зашто Бундестагот ќе заседава дури на крајот на септември.