Емисијата „360 степени“, во која гостува претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се емитува вечерва (18 септември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
„И мене ми се случило да позајмам автомобил“ – вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во одбрана на првиот вицепремиер и негов шеф на кабинет, Артан Груби, за случајот со „позајмената“ кола за која се дозна откако беше опожарена. „Моќта“ на Груби, поради што се случи заминувањето на Изет Меџити, е една од темите во интервјуто со Ахмети кое се емитува во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 вечерва (18 септември 2023 г.) од 20:15 часот. Разговараме и за уставните измени, (не)поврзаноста на измените на Кривичниот законик со евентуално политичко реактивирање на Груевски, „планот Заев-Мицкоски“, „хибридниот центар што работи против ДУИ“, влијанието во изборот на подизведувачи на „Бехтел и Енка“ во изградбата на автопатите…
Тема се и бизнисите на членови на потесното семејство на Ахмети – пред се, на зетот Куштрим Смајлај (сопруг на ќерката на Али Ахмети – Ускана) и неговата поврзаност со Ерџан Сулкоски, а преку тоа и со увозот на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, зделка со државата тешка повеќе од сто милиони евра.
Ќе видите и ново издание на сатиричниот коментар „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.