ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика Генералниот сектерат на Владата, Драги Рашковски, наместо да се расправа со новинари да поднесе оставка. Опозицијата алармира дека во постапката на избор на италијанската компанија „Леонардо“ за набавка на навигациски софтвер за М-НАВ направени се низа незаконски дејства.
„Рашковски не одговори на следново: Кога ќе си дадете оставка? Како главен преговорач со М-НАВ ќе преземете ли одговорност за инцидентот кога два лета од интернационални лета минатиот септември ќе направиле судар над македонското небо? Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација? Го повлековте ли господине Рашковски заклучокот на владата за кој претседателот на М-НАВ ви укажува дека е спорен? Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требаше да се смени за да можете да го доделите тендерот на фирмата која ја посакувате? Зошто го криете од компаниите учеснички на тендерот наодот на Бирото за судски вештачења? Денеска уште еднаш Рашковски ја покажа и ја докажа поврзаноста помеѓу СДСМ и Јавното обвинителство. Рашковски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема поднесено кривична пријава во обвинителството, па се прашувам како Рашковски ги има информации, што ВМРО-ДПМНЕ има или ги нема поднесено“,
изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.