Со цитати на Делчев и Ченто, актуелниот лидер Мицкоски, кој е трет на чело на партијата од нејзиното основање, им ја честита годишнината на сопартијците
Со куса видеопорака, во која ги цитира Гоце Делчев и Методија Андонов-Ченто, актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е трет на чело на партијата од нејзиното основање (по Љубчо Георгиевски и Никола Груевски), им ја честита на сопартијците 30-годишнината од формирањето на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, деновиве, покрај третата деценија од формирањето, заокружи и три години во опозиција, откако претходно цела деценија беше на власт во земјава.
Мицкоски во пораката по повод 30-годишнината изразува верба во победа на претстојните парламентарни избори, односно, како што вели, „пораз на хибридниот режим на СДСМ и на Зоран Заев“.
