Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (30 април 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Теми за ова издание на емисијата:
– на тендерот на Здравство за набавка на сто амбулантни возила се бара зафатнината на моторот да биде максимум две илјади кубни сантиметри, што во старт води кон стеснување на конкуренцијата – прашавме зошто;
– за што точно Обвинителството го гони експретседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини; „Симптоматично… е тоа што во рок од само една седмица, ФФМ праќа повик за понуди, тие експресно се доставени, веднаш е направена евалуација и е избран изведувач“, велат од Федерацијата;
– во очекување на извештајот на Европската комисија за сработеното од Реформската агенда, виси прифаќањето на Законот за Судски совет како завршена обврска;
– по одлуката на одборот за решавање спорови дека МЕПСО треба да и исплати шест милиони евра на босанската „Енергоинвест“ – анализа на случајот и ставови на инволвираните;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
