Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов, се емитува вечерва (26 јануари 2026 г.) од 22:45 часот на МРТ 1
Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 зборуваме за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата на 600 евра од сегашните 397 и на сите други плати за сто евра, а во пресрет на протестот најавен за в среда во Скопје. Кои се аргументите на синдикатот и како одговараат на аргументите на работодавците и на Владата, разговараме со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов. Го прашуваме зошто не е доволно да се почитува законски предвиденото усогласување на минималната плата кое следува во март, може ли евентуално позначајно покачување да ја вивне инфлацијата, подготвени ли се на компромис и каков, дали можно решение е газдите да го платат нетото од зголемувањето, а Владата да ги покрие придонесите. Трендафилов одговара и на прашањето – што ако протестот не даде резултат.
Емисијата се емитува од 22:45 часот на МРТ 1.
