Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (11 декември 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата објавуваме:
– додека трае пробната фазата во Скопје, одлучивме да ги тестираме камерите од „Безбеден град“ и „Безбедна држава“ по дел од автопатиштата и во други градови; и официјално, стартот на автоматизираното казнување за сообраќајни прекршоци се одложува за 1 февруари;
– дали Владата брзоплето влета во проектот „брза пруга“ – зошто не е избран ни кредитор ни изведувач, иако за есенсва се најавуваше почеток на теренските работи; од Министерството за транспорт велат – нема пролонгирање;
– одлуката на ЕУ во најава за преполовување на квотите за увоз на челик без царина и зголемување на царината од 25% на 50% силно ќе ги погоди челичната индустрија и генерално економијата во земјава;
– како до поголем буџет за судската власт и за јавното обвинителство по ветувањата на премиерот дека е подготвен на тоа уште за 2026 г.;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
