Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува потпретседателката на СДСМ и пратеничка во Собранието, Јована Тренчевска, се емитува вечерва (19 јануари 2026 г.) од 22:45 часот на МРТ 1
Зошто во СДСМ се убедени дека во текот на оваа година ќе се одржат предвремени парламентарни избори, е една од темите на кои разговараме со потпретседателката на опозициската партија и пратеничка во Собранието, Јована Тренчевска, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. На фонот на лидерската средба од 14 јануари ја прашуваме Тренчевска дали донесоа правилна одлука со неучеството на состанокот, што мислат за најавата од премиерот за укинување на техничката влада не од следните туку од понапредните избори и зошто имаат резерви кон законот за прекршоци без чие донесување не може да стартува „Безбеден град”. Во пресрет на конгресот на СДСМ в сабота (24 јануари) разговараме за тоа дали раководството ќе обезбеди негова успешност (со присуство на мнозинство делегати) и дали до неа стигнуваат информации дека одредени кругови во партијата работат на бојкот. Тема е и односот на актуелната и на претходната влада кон прашањето за минималната плата со оглед на тоа што Тренчевска е поранешна министерка за труд и социјална политика.
Емисијата се емитува од 22:45 часот на МРТ 1.
