Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (10 април 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата донесуваме:
– Оправдани ли се стравувањата на дел од битолчани за изградбата на регионална депонија за отпад близу РЕК „Битола“ – слика од терен и ставови од повиканите;
– Како е можна толку драстична разлика меѓу македонската и американската статистика за меѓусебната трговска размена – анализа;
– Што ќе прави Владата со договорот склучен од претходната влада за набавка на хеликоптери за Армијата од италијански „Леонардо“;
– Во полошко Стенче, познато по мед, се продава државно земјиште за изградба на фотоволтаични централи;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.