Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (22 мај 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Модно студио од Битола со скромни приходи и двајца вработени и штотуку регистрирана фирма со српски сопственик добија тендер за униформи за специјалните полициски единици од 3,8 милиони евра;
– Што предвидува договорот „влада со влада“ со Обединетото Кралство, од кого ќе позајмува државава, под какви услови, кои британски фирми ќе ги градат пругата и болниците – интервју со британскиот амбасадор Метју Лосон;
– Нова форма на јавен превоз во Скопје – „кар шеринг“ или изнајмување електрични автомобили; како ќе функционира и колку ќе биде достапно;
– Министерството за одбрана и Армијата со акциски план ќе ја подобруваат родовата еднаквост во своите редови;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.