Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (5 март 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во новото издание на ТВ-магазинот објавуваме:
– Судскиот совет втор пат донесе одлука за разрешување на апелациската судијка Наташа Савовска-Димитровска – има ли право на жалба и ако „да“, може ли жалбениот совет при Врховниот суд мериторно да одлучи;
– сторија за насилно депортираните украински деца на територија под руска контрола: „Не знам ни дали е жив мојот Антон“, сведочи мајка на дете со попреченост кое последен пат го видела во 2022 г. на Нова година;
– по реакциите на верници и добронамерници за новата градба што никнува во кругот на Осоговскиот манастир – го посетивме комплексот и прашавме што и зошто се гради;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
