Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (13 март 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание на „360 степени“ донесуваме:
– За набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ – од новинарски стории до истрага на ОЈО ГОКК; зошто и како Ерџан Сулкоски стана доминантен сопственик (65%) во фирмата на Ратко Капушевски – „РКМ“, во момент кога таа веќе имаше обезбедено милионски бизнис со државата;
– Анализа – според податоците од општините кај кои требаше да завршат најмногу пари од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни проекти, од вкупно 35, јавни набавки се распишани за сите 35 проекти, договори се потпишани за 27, работите на терен се почнати за 10, а повлечени се само 5,3 отсто од предвидени пари;
– Зошто трошењето на парите за општинските проекти оди бавно – разговор со министерот за локална самоуправа Златко Перински;
– Истражување на ЦГК – 8,5 милиони евра потрошени за службени возила во изминатите две години; во 70% од случаите се јавил само еден понудувач;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.