Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (4 декември 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Сами тестиравме – дали „Безбеден град“ дели казни за поминување на жолто, дали сите камери од „Сејф сити“ мерат непрописна брзина, што ако додека чекаш на семафор ја прегазиш линијата за запирање или со тркалото навлезеш на зебрата за пешаци;
– За дилемите и прашањата што се отворија по првите денови од пробната работа на „Безбеден град“ – интервју со Снежана Петровиќ-Арсовска, советничка во кабинетот на министерот за внатрешни работи;
– Кој и зошто ја згреши процедурата за избор на судија од С Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур;
– Знаци со кратенката „НМК“, по автопатот Белград-Скопје, откривме и на стариот пат Приштина-Скопје – ќе се коригираат ли властите на Косово;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
