Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (12 јуни 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание објавуваме:
– По случаен избор пристапивме на десетина пресуди на Управниот суд и сите почнуваат со зборовите „во името на граѓаните на Република Северна Македонија“; како тогаш токму во пресудата со која се поништува изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка ги нема овие зборови;
– Криптовалутите како имот на функционерите – сива зона со регулација во најава;
– Невладин мониторинг на остварувањето на владините ветувања – „Компас“ детектирал 18 исполнети од вкупно 139 во програмата 2024-2028 г.;
– Што навистина е намерата на Владата на тема – изградба на нов државен клинички центар; со кои пари, кога и каде би се градел;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 ч. на МРТ 1.