Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, се емитува вечерва (9 март 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Каква е атмосферата во СДСМ еден и пол месец по конгресот, се потврдија ли наводите дека имаше внатрепартиски структури што работеа конгресот да не успее, дали раководството има влијание врз пратеничката група, што знае за иницијативата на поранешени високи претставници на СДСМ за воспоставување платформа која би дејствувала како алтернатива на актуелното лидерство – се дел од прашањата до Александар Трајановски, еден од новите потпретседатели на СДСМ, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Разговараме и како треба да се разбере инсистирањето од СДСМ дека ќе има предвремени избори наспроти негирањата од премиерот, како и дали опозициската партија посакува предвремени избори со оглед на анкетите? Од актуелните општествено-политички случувања, теми во интервјуто се вчерашниот осмомартовски марш, зачестените случаи на насилство врз жените, основаноста на барањето на СДСМ за оставка од министерот Панче Тошковски, случајот со враќањето на Артан Груби и експресното завршување во домашен наместо во затворски притвор, состојбите во јавното здравство и новиот нацрт-закон за високо образование.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
