Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (16 април 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата:
– Никола Груевски, со статусот на бегалец, имал право да побара унгарско државјанство уште во 2021 г. – интервју со Жолт Секереш, правник во унгарскиот Хелсиншки комитет, за тоа дали воопшто има правна основа за екстрадиција на експремиерот откако Петер Маѓар рече дека Унгарија нема да биде депонија за странски криминалци;
– до каде е барањето на цементарницата УСЈЕ од Скопје за обнова на А-интегрираната еколошка дозвола – ги прашавме сите засегнати страни;
– нов масовен случај на спорни легализации на дивогради, овојпат во општината Шуто Оризари – врв на апсурдите е тоа што локалната власт архивирала барања за легализација на датуми кога, според јавно достапните сателитски снимки, на конкретните парцели се гледаат празни полјани;
– што прави обвинителството со предистрагите за проблематичните легализации во Општина Чаир и дали, всушност, целиот систем за легализација е дивоградба;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
