Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (22 февруари 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание објавуваме:
– Почна мирно, но веќе почнаа и првите судири меѓу власта и опозицијата во техничката влада – зошто Тошковски не може да постави нов началник на СВР Тетово и има ли антидатирање на решенија за вработување и прераспоредување во администрацијата;
– 20 години од смртта на претседателот Борис Трајковски – надвор почитуван, дома критикуван; Живее ли неговото дело;
– Фондацијата ,,Борис Трајковски“ им помага на глувите лица за да ја продолжи незавршената мисија на прерано починатиот претседател;
– Производи со декларации со несоодветен код за земјава (НМК наместо МК/МКД) има и понатаму на полиците по маркетите – и Агенцијата за храна и ветеринарство, која првично рече дека може да постапи, сега се прогласува за ненадлежна;
– ,,Саботажа”.
Емисијата се емитува од 20:15 ч. на МРТ 1.