Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостуваат универзитетските професори Јасна Бачовска-Недиќ и Сеад Џигал, како и политичкиот аналитичар Бесим Небиу, се емитува вечерва (13 октомври 2025 г.) од 21:30 часот на МРТ 1
Изминува петнаесеттиот ден од кампањата за локалните избори, остануваат уште четири, што е сосема солиден примерок за да се формираат горе-долу консолидирани впечатоци за досегашниот тек на кампањата, нејзината содржина, пристапите на различните партии, коалиции и кандидати… Колку се ефективни слоганите и рекламите што ги гледаме и читаме, зошто некои кандидати на билбордите се заедно со лидерите, зошто т.н. национални или државни теми се силно присутни во кампања во која инаку се бара довербата на гласачите за локална власт? На овие и на други прашања во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 разговараме со универзитетските професори Јасна Бачовска-Недиќ и Сеад Џигал, како и со политичкиот аналитичар Бесим Небиу. Зборуваме и за употребата на вештачката интелигенција во кампањата.
Емисијата се емитува од 21:30 ч. на МРТ 1.