Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (3 октомври 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– Струмица и околината се без пивка вода и не се знае кога ќе ја добијат: „Се молиме за дожд“, вели градоначалникот Костадин Костадинов;
– Почнува општинско финансирање на здружението кое коалицијата „Вреди“ сака да прерасне во државна академија на науките на Албанците и покрај разликите со владините партнери: „Станува збор за академија, а не за армија“, вели еден од лидерите на „Вреди“, Зеќирија Ибраими;
– Што треба да се направи за и Народниот правобранител на РСМ да добие акредитација со статус А во Европската мрежа на национални институции за човекови права – анализа;
– Направивме едноставен тест: За секој автобус на ЈСП „Скопје“ што тргнува од Железничката станица и поминува кај комплексот банки меревме во колку треба да тргне од депото според возниот ред, а во колку стигнал на првата автобуска;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 ч. на МРТ 1.