Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (11 април 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Десната рака на вселенскиот патријарх Вартоломеј и одговорен за нашето црковно досие, митрополитот Кирил, во прво интервју за македонски медиум: „И тука Русите, растревожени да не ја изгубат и оваа земја – затоа што, за жал, тоа е целта, наметнувањето на Русија на оваа земја – ги натераа Србите, брзо-брзо, брзо-брзо, да го дадат тој псевдотомос“;
– Министерството за здравство го поништи тендерот за 22 амбулантни возила по серијата стории на „360 степени“ за спорните елементи во јавната набавка;
– Анализа: што може да заклучиме од пораките и слоганите на претседателските кандидати – ги прашаваме универзитетската професорка Јасна Бачовска-Недиќ и експертот за односи со јавност Гоце Пачемски;
– ВМРО-ДПМНЕ предизборно ветува укинување на балансерот – каков е ставот на другите партии;
– Како и зошто притисокот на граѓанско-верски организации против родова еднаквост се покажа пресилен за некои локални самоуправи;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 ч. на МРТ 1.