Првото магазинско издание во новата сезона на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (19 септември 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– За последиците од пеколното лето зад нас: што, колку и зошто изгоре за само неколку месеци во државава – репортажа од Немањици (Свети Николе), Брезница и Тажево (Македонски Брод) и Галичица; кои се проценките на ЈП „Национални шуми“;
– Како системот за справување со пожари да биде поефикасен – се подготвува спојување на ЦУК и ДЗС, како и формирање специјална мултифункционална единица;
– Сведоци во „Талир“ пред суд даваат изјави различни од оние што ги дале пред Јавното обвинителство – зошто обвинителството не ги гони; судењето за овој предмет петти пат ќе почне од почеток;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.