Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (2 октомври 2025 г.) од 21:15 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата донесуваме:
– Предизборна репортажа од Кочани – како никогаш досега дури шестмина кандидати за градоначалник; трагедијата од март има свое влијание и на кампањата и на гласачите;
– И во Тетово шест претенденти за челната функција во локалната власт – граѓаните критични за реалноста и со очекувања дека ветувањата ќе се исполнат;
– „Граѓаните на Скопје ги пробале сите опции… и сметам дека сега е време за еден Башким“, вели Башким Бакиу, кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Скопје;
– За Скендер Реџепи-Зејд, кандидатот на НАИ (ДУИ) за прв човек на главниот град, Скопје има голем потенцијал да биде метропола, но е заглавен во „низа неправилности и историски грешки“;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 21:15 часот на МРТ 1.