Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (10 октомври 2024 г.) од 20:40 часот на МРТ 1
Во ова издание објавуваме:
– Кого Мицкоски ќе предложи за државен јавен обвинител ако остане незадоволен од актуелниот: „Се разбира, човек со кој ќе можеме да соработуваме… Некој кога ќе ми каже, ех партиски или пријатели… Па, нормално, со тие луѓе ти мораш да соработуваш“, вели премиерот; Но, по Устав и закон, обвинителот не смее да биде соработник на премиерот;
– Зошто Струмица две недели нема пивка вода – централната ја обвинува локалната власт, а таа се брани; слика и од браната Турија;
– Манган има и во водата во Гостивар, го најде приватна фирма ангажирана од општината, но градоначалникот реши да се раскине договорот; Од приватната лабораторија возвраќаат: „Ако на градоначалникот и на директорот на комуналното не им е од значење животот и здравјето на населението, нам ни е значаен“.
– Учесниците на скопскиот маратон ја газеа корупцијата – погледнете како;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:40 часот на МРТ 1.