Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое разговараме со Гордана Јанкулоска, ексминистерка за внатрешни работи, која е на отслужување на четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“, е вечерва (2 октомври 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, кое се емитува вечерва (2 октомври 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1, гостува Гордана Јанкулоска, за која пред неколку дена навршија три години откако е на издржување на четиригодишната казна затвор за набавката на „мерцедесот“, предмет познат под името „Тенк”. Интервјуто го снимивме за време на последното законски дозволено отсуство на Јанкулоска од „Идризово“, на што има право од пред само два месеца. Таа е поранешна блиска соработничка на Никола Груевски, која речиси девет години беше министерка за внатрешни работи во неговите влади – од август 2006 г. до мај 2015 г. Разговараме на повеќе теми од јавен интерес.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.