Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев, се емитува вечерва (6 април 2026 г.) од 21:00 часот на МРТ 1
Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 донесуваме разговор со претседателот на Управниот одбор и генерален директор на акционерското друштво во државна сопственост „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Лазо Узунчев. Станува збор за компанија чија примарна задача е производство на електрична енергија што ја прави витално важна за земјава. Станува збор и за компанија која има историја на корупциско-криминални случаи во кои или веќе се докажани или допрва треба да се потврдат злоупотреби во милиони евра. Узунчев го прашуваме: дали кога премиерот вели дека нè чека тешка година, тоа се однесува и на производството и снабдувањето со струја; дали добавувачите на мазут редовно ги извршуваат обврските од договорите со оглед на зголемувањето на цените; треба ли да очекуваме зголемување на цената по која ЕСМ ќе му ја продаваат струјата на универзалниот снабдувач; со колкава загуба ја заврши 2025 г.; колку се вкупните долгови; зошто сè уште се далеку од приближување до „позитивна нула“; зошто имаше големо потфрлање во производството во 2025 г.; го знае ли Душан Адамовиќ, име од обвинувањата на СДСМ; логично ли е малата „Топлина“ од с. Подмоље да биде носител на набавка од 28 милиони евра, а за подизведувачи да има фирми гиганти; зошто никогаш не се реализираа плановите за набавка на сопствена механизација; каква е стратегијата за зелена транзиција и кога ќе се затворат РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“; расчистен ли е случајот со труењето во РЕК.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
