Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува министерката за образование и наука Весна Јаневска, се емитува вечерва (23 февруари 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
По двонеделната пауза поради Зимските олимписки игри, „360 степени“ се враќа на МРТ 1 во редовните термини – секои понеделник и четврток од 20:15 часот. Во новото издание за соговорник ја имаме министерката за образование и наука Весна Јаневска, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, а тема за разговор е нацрт-законот за високо образование. По неговото објавување пред три недели, се нижат реакции, а законот е убедливо најкоментираниот акт на платформата ЕНЕР. Како одговара на дел од критиките и предлозите од изминатите денови, дали размислува дури и за повлекување на законот, се концентрира ли преголема моќ кај министерот, зошто токму наведените се избрани за т.н. студии од јавен интерес што ќе се студираат само на државните универзитети, ќе има ли корекции во критериумите за избор во наставно-научни звања (доцент, вонреден и редовен професор), зошто е тргната одредбата против непотизам, дали стимулирањето да се твори на англиски е во контрадикција со наводите дека ни е нападнат јазично-културниот идентитет – се дел од прашањата до министерката Јаневска.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
