Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (18 декември 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во новото издание на емисијата објавуваме:
– Дојде денот да се плати сè што државните институции и општините туркаа под тепих веќе деценија и пол – јазолот го пресече Европскиот суд за човекови права во Стразбур;
– Колку се безбедни железничко-патните премини во земјава – теренско истражување;
– Елизабета Дуковска не се откажува од оспорување на пресудата со која Управниот суд го поништи нејзиниот избор за уставен судија – бара од Судски совет да констатира дека пресудата е неподобна за извршување; Судски совет идната среда ќе расправа за пресудата преседан;
– И без номинација за „Оскар“, шампањ за документарецот „Приказната за Силјан“ – режисерката Тамара Котевска вели: „Она што го достигна, е една магија за мене“;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
