Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува гастроентерологот со светско реноме Иво Бошкоски, кој работи во болницата „Џемели“ во Рим, се емитува вечерва (13 април 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
На истекот на продолжениот празничен викенд ќе избегаме од тешките политички теми и ќе ви понудиме разговор посветен на врвната медицина и наука. За соговорник во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, го имаме Иво Бошкоски, гастроентеролог со светско реноме, кој работи во познатата болница „Џемeли“ во Рим, која е во сопственост на Ватикан и во која се лекуваат поглаварите на Римокатоличката црква. Тој е и професор на Католичкиот универзитет во Рим, а како научник неодамна доби грант од Европскиот истражувачки центар од 6 милиони и 400 илјади евра за револуционерен проект за развивање медицинска сонда со која во исто време ќе се врши дијагноза, по потреба биопсија и ќе се дава терапија. И сетоа тоа во временски интервал што се мери во наносекунди. Бошкоски е автор на серија иновативни методи, меѓу кои и такви што даваат солидни резултати во процес на слабеење. Покрај за медицинските достигнување, разговараме и за почетоците на неговата животна врвица во Тетово, околностите под кои се запишал на студии по медицина во Перуџа и патот што го изодел за да стигне до болницата „Џемели“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
